Дома Фудбал Лоша вест за Ливерпул: Џо Гомез мора на операција!

Лоша вест за Ливерпул: Џо Гомез мора на операција!

Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез ќе мора да биде опериран за да се олесни процесот на рехабилитација од фрактурата на метаторзалната коста на ногата.

Лекарскиот тим на „црвените“ подготви рехабилитациска програма за Гомез, но заздравувањето не се одвива по планот, па 21-годишниот дефанзивец ќе мора да оди на операција.

Од клубот не одредија рок кога Гомез ќе биде целосно опоравен, но најверојатно за него оваа сезона е завршена.

„Тоа е удар како за момчето, така и за нас, бидејќи пред повредата беше во фантастична форма. Тој е многу важен играч за нас и сигурно ќе се врати уште посилен“, изјави Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …