Актуелниот шампион на Италија, Јувентус и понатаму е заинтересиран за српскиот репрезентативец од редовите на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ, пренесува „Тутоспорт“.
Јуве го сака Сергеј и покрај тоа што неговата цена е огромна, најмалку 120 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од управата на клубот од Торино повеќе пати истакнуваа дека немаат намера да платат толкава сума. Сепак, според најавите на во последните денови Јувентус би можел да го продаде Гонзало Игуаин.
„Тутоспорт“ истакнува дека евентуално продолжување на договорот на Игуаин би имало големо влијание на буџетот од 120 милиони за износот на трансерот и тројно поголемата плата која српскиот фудбалер ја добива во Лацио во овој момент.
Сепак, последната изјави на претседателот на Лацио, Лотито, не му дава надеж на Јувентус дека во Рим се расположени да преговараат.
„На 29 август одбив 110 милиони за Савиќ, па така 100 милиони евра секако не се доволни. 120 милиони е во ред, но за едната нога“, порача Лотито за „Газета“.