Дома Фудбал Италија Лотито остар кон ривалот: Сергеј во Јуве? Па тие немаат пари за него!

Лотито остар кон ривалот: Сергеј во Јуве? Па тие немаат пари за него!

Јувентус го сака фудбалерот на Лацио, а сега доби и одговор од Рим.

Станува збор за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Србинот кој игра фантастично.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој фудбалер сигурно е една од потенцијалните летни „бомби“ бидејќи го следат голем број европски гиганти.

Јувентус го следи Савиќ веќе подолго време, но голем проблем за „старата дама“ е што за него се заинтересирани и клубови кои се спремни да платат големи суми.

Поради тоа јасно е дека Лацио многу полесно би го продал Савиќ надвор од Италија отколку на Јувентус.

Ова беше јасно, но доколку фановите на Јувентус се надеваа на спротивното денес стигна потврда од претседателот на клубот од Рим, Клаудио Лотито.

„Сергеј во Јувентус? Тие немаат доволно пари да го доведат, поради тоа никогаш не ме ни прашале за него“, изјави Лотито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…