После поразот на Германија од Мексико во првото коло јавноста во оваа земја својот бес најмногу го истури врз Месут Озил.
Месут Озил е еден од фудбалерите на Јоаким Лев кој претрпе најмногу критики. Низа германски фудбалски легенди жестоко го нападнаа играчот за врска на Арсенал, а најдиректен беше Лотар Матеус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Говорот на телото на Озил е негативен. Добивам впечаток дека не се чуствува добро во репрезентација. Не ми изгледа слободно. Како да не сака да игра. Нема, срце, нема радост, нема страст…Не би ме зачудило кога после Мундијалот би ја напуштил репрезентација. Веќе една-две години не игра на нивото кое е потребно“.
„Не ме интересира каков однос има со остатокот од тимот, не ми е гајле што не ја пее химната, тоа е негови збор. Без оглед дали има афрички, турски или германски корени, но…Ме налути тоа што после интонирањето на химните тој беше единствениот кој не ги поздрави навивачите. Така покажа дека не е дел од тимот. Озил не разбира зошто добива критики, бидејќи не разбира што луѓето во Германија очекуваат од луѓето кои ја претставуваат нивната земја“, смета големиот Лотар.
Lothar Matthaus'tan Mesut Özil'e sert eleştiri: "Özil'in milli marşı söylemiyor olmasıyla bir problemim yok. Bu kendi tercihidir, Alman, Türk veya Afrika asıllı fark etmez. Ancak 10 oyuncu taraftarı selamlarken bir tek Mesut selamlamadı." #GER #WorldCup https://t.co/NCxayvQaxH pic.twitter.com/EDTXQylWEn
— SKOR (@SozcuSkor) June 19, 2018