Сега веќе поранешниот селектор на Шпанија и нов стратег на европскиот шампион Реал Мадрид, вечерва ја имаше својата презентација во Мадрид.
Лопатеги заработи отказ на селекторското место на „Црвената Фурија“ откако беше објавено дека постигнал договор со Реал Мадрид да го налседи Французинот Зинедин Зидан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во прв момент Лопатеги требаше да пристигне во Мадрид по завршувањето на Мундијалот, но со оглед на тоа дека беше отпуштен, презентацијата беше закажана за денес.
„Ова е ден во кој треба да бидете возбудени и морам да признаам дека сум. Сакам да искажам благодарност до првиот човек на клубот, Флорентино Перез кој ми ја пружи оваа шанса. Знам што значи да се биде тренер на еден од најголемите клубови во светот и ќе дадам се од себе за да не ја разочарам огромната армија навивачи“.
Лопатеги потоа со солзи во очите порача дека вчерашниот ден бил еден од најтажните во неговиот живот, после денот во кој починала неговата мајка.
„Вчерашниот ден веројатно беше втор најтажен во мојот живот, по оној во кој ја загубив мојата мајка. Сепак, денес од друга страна еден од моите најсреќни денови веќе го чуствуваме семејството наречено Реал Мадрид“, изјави помеѓу другото новиот стратег на „кралевите“.