Вечерва во рамките од седмото коло во Серија А беше одиграно градското дерби помеѓу Торино и Јувентус, а на крајот трите бода ги освои екипата на Масимилијано Алегри.
Во Торино денес гледавме две целосно различни полувремиња. Прво се закани Јувентус преку Мекени, а потоа „биковите“ ја преземаа теренската иницијатива и создадоа две добри прилики преку Лукиќ и Мандрагора.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Второто полувреме донесе поинаква слика, Вања Милинковиќ Савиќ веднаш имаше тешка интервенција. Српскиот голман му одбрани зицер на Алекс Сандро, а потоа од работ на казнетиот простор шутираше Квардадо.
Натпреварот беше решен во 86. минута, Мануел Локатели беше оставен само во шеснаесетникот и новото засилување на Јувентус тоа знаеше да го искористи и да погоди во долниот десен агол. Во продолжение и Кулушевски ја погоди стативата, па резултатот остана 1:0.
Со оваа победа Јувентус дојде до осмата позиција на табелата, а што е поважно за тимот на Алегри успеаа да врзат три победи во низа во Серија А, но ја прекинаа црната низа од 20 натпревари во низа во кои примаа гол во италијанското првенство. Како што стојат работите во продолжение од сезоната се најавува еден подобар Јувентус.