Литванскиот Тракаи три години водеше судска војна со Вардар за Максим Максимов, а сега е соопштено дека спорот го доби литванскиот клуб.
Одлуката ја објави Тракаи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За мене како личност кој инвестира во фудбалот ова е важно затоа што иако ние сме мал клуб сите тука работиме со срце“, изјави првиот човек на Тракаи, Јан Невоина.
Летото во 2017 година за Максимов имало интерес од Чешка, Словачка и Полска, меѓутоа Максимов на незаконски пат заврши во Вардар без да ги заврши обрските кон Тракаи.
Максимов во Вардар не се снајде и создаде само проблеми на најтрофејниот македонски клуб. Поради трансферот Максимов одработи суспензија од четири месеци, а Вардар забрана за трансфери до јуни 2020.
По оваа пресуда Тракаи треба да добие финансиска оштета што ќе биде проблем за црвено-црните.