После Чорлука и Манџукиќ од репрезентацијата денес се прости и Даниел Субашиќ.
Порака за благодарност до голманот на репрезентацијата на Хрватска испрати стоперот Ловрен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Па доста е веќе со заминување од репрезентацијата. Дај, објавете во исто време да може да објавиме некоја заедничка слика, а не поединечно. Е мој „fu*king years“, мило ми е што можам да играм со човек како тебе кој секогаш е насмеан, позитивен и весел, а покрај тоа и одличен голман. Брате ти благодарам за се“, стои во пораката на Ловрен.
Ќе потсетиме, хрватските медиуми најавија дека следната недела и Модриќ ќе се прости од репрезентацијата на Хрватска.