Дома Фудбал Лихштајнер става крај на кариерата

Лихштајнер става крај на кариерата

Десниот бек на Арсенал и швајцарската репрезентација размислува да стави крај на својата фудбалска кариера на крајот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лихштајнер ова лето како слободен играч се пресели во Арсенал, но до сега одигра само 55 минути во четири натпревари, па сега 34-годишниот Швајцарец потврди дека сериозно размислува да стави крај на кариерата.

„Ако сметам дека не сум на потребното ниво, нема да се откажам само од репрезентацијата, туку би ставил крај на кариерата. Во текот на летото ме сакаа 5 клуба кои ми гарантираа место во стартниот тим, но јас сакав да се преселам во голем клуб“, открива Швајцарецот.

„Знаев дека во Арсенал ќе се борам за место со Белерин, но за мене е невообичаено да бидам резерва. Во првите три меча бев резерва, ако тоа продолжи на крајот на сезоната има големи шанси да ставам крај на кариерата“, додаде Лихштајнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…