Дома Фудбал Италија Листата на најдобри стрелци на Милан изминатата деценија е доказ дека клубот „тоне“

Листата на најдобри стрелци на Милан изминатата деценија е доказ дека клубот „тоне“

Милан вчера изгуби во Бергамо од Аталанта 5:0 и тоа беше најтешкиот пораз за клубот во последните 20 години.

Тимот на Стефано Пиоли одигра кастрофален натпревар и Божиќ ќе го дочека на 11. место на табелата. Милан е огромни 14 бода одалечен од местото кое води во Лигата на шампионите, а само седум од зоната за испаѓање. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славниот италијански клуб веќе неколку години е далеку од врвот на италиајнскиот и светскиот фудбал, а последното Скудето го освои во 2011 година.

Доказ за тоа колку „росонерите“ потонале е и листата на најдобри стрелци на клубот во изминатата деценија.

Иако одигра само две сезони во Милан (2010-2012) Златан Ибрахимовиќ е најдобар стрелец на „росонерите“ изминатата деценија со 42 постигнати гола.

На второто место е Карлос Бака со 31 гола, а на третото место е Бонавентура со 29 постигнати гола. Марио Балотели е четврти на листата стрелци со 27 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…