Дома Фудбал Англија Листата е спремна: Дури шест кандидати за наследник на Мурињо!

Листата е спремна: Дури шест кандидати за наследник на Мурињо!

Жозе Мурињо после поразот од Тотенхем е под голем притисок на јавноста, медиумите на Островот на големо пишуваат дека Португалецот е блиску до отказ.

Англиските медиуми веќе пишуваат за потенцијалните наследници на „Специјалниот“. Прво име е поранешниот стратег на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, а доколку тој ги одбие, во игра наводно се уште пет кандидати.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но,некои од имињата се навистина тешки мети.

Според пишувањата во таборот на „ѓаволите“ размислуваат за Масимилијано Алегри од Јувентус, но и Маурисио Покетино од Тотенхем. Овие две мети според сегашната ситуација изгледаат тешко достапни.

Зад нив следува Леонардо Жардим од Монако, па Марко Силва од Евертон, како и Антонио Конте кој неодамна заработи отказ во Челзи.

Следниот натпревар во Премиер лигата Јунајтед го игра против Барнли и евентуален пораз би можел да значи и отказ за Жозе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…