Интересен тренерски судир ќе имаме утре попладне (по средноевропско време) кога во пријателски натпревар силите ќе ги одмерат Кина и Велса, на едната страна ќе седи Марчело Липи, а на другата Рајан Гигс.
Липи е добро и искусно тренерско име, додека за Гигс утрешниот натпревар ќе биде прв на клупата на Велс. Секако и покрај тоа Велс е фаворитот поради подобриот играчки кадар, а Липи пред натпреварот му порача на Гигс што би требало да направи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не чуствувам дека има потреба од некој совет. Тој го имаше најдобриот тренер во светот, Сер Алекс Фергусон. Тој треба само да го примени она што го научи од него“, кратко порача Липи.
Марчело Липи во својата кариера освои бројни трофеи, а најголемите се Скудетото (пет пати), Лигата на шампионите и Светското првенство. Доколку Гигс во својата тренерска кариера оствари барем половина од успехот на Липи или Фергусон би имал успешна тренерска кариера.