Дома Фудбал Линекер има нова изјава за Германците

Линекер има нова изјава за Германците

Гери Линекер во минатото изјави дека фудбалот е едноставна игра во која 22 мажи трчаат по топката и на крајот секогаш Германија победува.

Таа изјава на Англичанецот стана легендарна, но синоќа доби модификација, откако Германците победија со играч помалку во судиското продолжение против Шведска.

„Фудбалот е едноставна игра во која 22 луѓе ја бркаат топката 82.минути, тогаш Германците добиваат црвен картон, па потоа 21 човек ја брка топката уште 13 минути и тогаш, некако на крајот Германците стигнуваат до е*ената победа“, напиша Линекер на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…