Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари нов успех и од Сплит во турнирот во двојки се враќа со трофеј.
Во тандем со Вероника Ерајвец од Словенија, Ѓорческа немаше многу проблеми против Словенката Радишиќ и Хрватската Вурт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Финалето траеше само 63 минути и тоа беше доволно за Ѓорческа и Ерјавец да слават со 2:0 во сетови. За македонската тенисерка ова е 13-ти пехар во кариерата.
Коментари