Дома Македонски спорт Лина скокна за 30 позиции и влезе во топ 200 тенисерки во светот!

Лина скокна за 30 позиции и влезе во топ 200 тенисерки во светот!

Лина Ѓорческа по вчерашниот триумф на фјучрсот во Куршумлијска Бања и освоените 70 поени од турнирот и со вкупно 399 поени се искачи на 186.то место на ВТА листата.

Таа е сега многу блиску до својот најдобар ранг кога беше 170-та на ВТА листата (12.јуни 2017 г). Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за шест места и сега се наоѓа на 309.то место со 256 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Магдалена Стоилковска истотака има скок од седум позиции и сега се наоѓа на 1237.то место со 8 поени. Во конкуренција на двојки Стоилковска е на 1475.то место со 6 поени и таа како и Лина во оваа конкуренција има пад за шест позиции.

Оваа недела активна на тениските турнири ќе биде единствено Стоилковска која ќе настапува на фјучрс турнирот во Шибеник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …