Дома Македонски спорт Мак фудбал Лидерот Струга падна во Прилеп, Шкендија ја топи предноста на врвот!

Лидерот Струга падна во Прилеп, Шкендија ја топи предноста на врвот!

Најголемото изненадување во натпреварите од 12. коло во ПМФЛ го приреди Победа совладувајќи го лидерот Струга со 2:0.

Со два гола на Мазари по еден во првото и второто полувреме Победа дојде до триумф против Струга. За Струга ова беше втор пораз во сезоната, но и втор во низа затоа што првиот го претрпеа во минатото коло од Шкупи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија знаеше да го искористи киксот на лидерот, па така со победата од 0:1 против Скопје дојде на минус три од лидерската позиција. Одлучувачкиот гол на овој натпревар го постигна Љупче Дориев.

Работнички како домаќин го пречека Силекс на терените на ФФМ, а овој дуел го одлучи Обрадовиќ со голот во 23. минута.

Дури шест гола видовме на натпреварот во Чаир каде што гостуваше Тиквеш. Тиквеш во дуелот со актуелниот шампион влезе со две победи во низа, сепак денес чаирчани не дозволија изненадување и славеа со 4:2. После само 20 минути Шкупи имаше 3:0, погодуваа Младеновски, Алварез и Демири. Тиквеш дојде во вториот дел до 3:2, сепак на крајот Маргвашвили ги постави конечните 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…