Дома Фудбал Лига Куп: Арсенал елиминиран, Јунајтед конечно проработи!

Лига Куп: Арсенал елиминиран, Јунајтед конечно проработи!

Манчестер Јунајтед и Саутемптон им се приклучија на Хал и Ливерпул во полуфиналето на англискиот Лига куп, откако ги елиминираа Вест Хем односно Арсенал.

Манчестер Јунајтед лесно се справи со Вест Хем, против кого во саботата, одигра 1:1 во првенството. Серијата на голови на „Олд Трафорд“ ја отвори и ја затвори Ибрахимовиќ. По првиот гол на Швеѓанецот израмни Флечер. Потоа во второто полувреме два гола постигна Марсијал,а Ибрахимовиќ ја затвори серијата.

Двоен асистент за Јунајтед беше Михтаријан, а по подолго време во тимот се појави и Швајнштајгер кој влезе во игра во второто полувреме.

Арсен Венгер на домашен терен, на Саутемптон му се спротивстави со комбиниран тим и тоа го чинеше елиминација од Лига купот. Саутемптон до победата стигна уште во првиот дел со головите на Класи и Бертранд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Пелистер и Работнички бараат бодови на гости

Седумте средби од 11. коло во Втората лига почнуваат во 13 часот. Водечката тројка влегува…