Дома Македонски спорт Мак фудбал Лига Европа: И Шкендија и Шкупи добија противници од Азербејџан, Ренова против Алашкерт

Лига Европа: И Шкендија и Шкупи добија противници од Азербејџан, Ренова против Алашкерт

Aзербејџан сезонава како да им е суден на македонските екипи, после Силекс во квалификациите за ЛШ, Шкендија и Шкупи во квалификациите за ЛЕ добија противници од оваа земја.

Шкендија ќе има улога на фаворит и ќе се соочи на гости со Сумгаит, додека Шкупи ќе игра против Нефчи па така во квалификациите заедно со Силекс ќе гледаме дури три македонско-азербејџански пресметки месецов.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Единствена екипа која не доби противник од Азербејџан е Ренова која го доби добро познатиот Алашкерт од Ерменија. Алашкерт лани ја елиминираше Македонија Ѓорче Петров во првото коло од квалификациите за ЛЕ.

Натпреварите се закажани за 27 август, а каде ќе се играат зависи од ситуацијата со коронавирусот.

Квалфиикации за Лига Европа:

Нефчи – Шкупи

Алашкерт – Ренова

Сумгаит – Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…