Англискиот гигант Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски репрезентативец, Жил Кунде.
Французинот имаше добра сезона, но не игра на својата природна позиција, бидејќи често Чави го користи како бек, па е спремен да го напушти клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од друга страна Барселона планира да продава играчи за да остане во границите на финансискиот фер-плеј, но не сака да го пушти Кунде за помалку од 60 милиони евра.
Клоп сака ова лето да доведе врвен дефанзивец кој ќе биде партнер на Ван Дајк, па смета дека Кунде би бил идеално решение.