Дома Фудбал Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе направи пауза од тренерската работа, целата фудбалска јавност знае дека клубот од „Енфилд“ е во потрага по наследник на легендарниот Германец кој им ја донесе титулата европски и англиски првак.

Како прв избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра речиси неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, а постигнале 109 голови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најатрактивниот тим на светот во првенството има предност од 10 бода пред Баерн Минхен на само седум кола до крајот.

Тие се на дофат до првата шампионска титула во клупската историја, со која можат да ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баварците. Во Купот ги очекува полуфинале, а во Лига Европа четвртфинале, патимот на Алонсо е во игра за тројната круна. Шпанскиот тренер многумина го сметаат за најзаслужен за овој успех.

Сепак, релевантни извори во Германија тврдат дека Алонсо ова лето можеби нема да го напушти Леверкузен. Скај Спортс пишува дека Ливерпул полека се свртува кон алтернативни решенија.

Еден од нив е во Лисабон. Станува збор за Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…