Дома Фудбал Англија Ливерпул победи, Салах добива критики: Тој е себичен и алчен!

Ливерпул победи, Салах добива критики: Тој е себичен и алчен!

Ливерпул денес со тешки маки стигна до победа против Фулам на гостински терен од 1:2.

Садио Мане го доведе Ливерпул во водство во 26-тата минута од натпреварот, а поранешниот играч на „црвените“ Рајан Бабел изедначи на 1:1 во 74-тата минута. Сите три бода на Ливерпул ги донесе Џејмс Милнер во 81-та минута со голот од белата точка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул така се врати на првата позиција на табелата и сега има 76 бодови, два повеќе од Манчестер Сити кој има натпревар помалку. Сепак, после натпреварот дел од навивачите беа незадоволни поради прикажаната игра, а посебно на удар беше Мохамед Салах кој се наоѓа во навистина лоша форма.

Салах го прогласија за виновен затоа што пропушти неколку добри прилики, а повеќе му се замерува што во голем број изгледни позиции Египќанецот се одлучуваше да шутира место да додаде до соиграчите кои беа во подобра позиција од него.

Поранешниот играч на Ливерпул го нарече, Џејми Карагер го нарече Салах „себичен и алчен“, а голем дел од навивачите се согласија со таквата констатација на Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…