Дома Фудбал Англија Ливерпул не победи против Вест Хем, Манчестер Сити само на -3! (ВИДЕО)

Ливерпул не победи против Вест Хем, Манчестер Сити само на -3! (ВИДЕО)

Денес од 21:00 часот се одигра натпреварот од 25-тото коло во англиската Премиер лигата помеѓу Вест Хем и Ливерпул.

Ливерпул беше фаворит и бркаше победа за предност од плус пет во однос на Манчестер Сити, меѓуто „Чеканите“ одиграа одличен натпревар и избраниците на Клоп мораа да се задоволат со еден освоен бод (1:1).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вест Хем започна одлично создаде неколку шанси пред голот на Алисон Бекер. Сепак, Ливерпул беше тој кој дојде до предност и тоа со погодок од чист офсајд.

Џејмс Милнер кој беше недозволена позиција пред да ја прими топката му асистираше на Садио Мане.

До изедначување Вест Хем стигна само пет минути подоцна преку Антонио Мичаил.

Во вторите 45 минути видовме нешто по смирена игра со по некоја шанса и на двата страни, па на крајот ремито беше и најреален резултат со оглед на тоа што покажаа двата тима на теренот.

За Ливерпул ова после ремито со Лестер е втор натпревар во низа кој завршува без победник.

После натпреварите од 25-тото коло Ливерпул ќе остане лидер со три бода предноста во однос второпласираниот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…