Дома Фудбал Ливерпул на 30 години чекање нема да може да ја слави титулата?

Ливерпул на 30 години чекање нема да може да ја слави титулата?

Ливерпул е блиску до освојувањето на првата титула во Англија уште од 1990 година.

Само прашање на време е кога ќе дојде крајот на 30 годишното чекање, меѓутоа како што сега стојат работите прославата на титулата би можела да изостане.

Имено, како што пишува „Тhe Athletic“ во Ливерпул се загрижени дека би можеле да ја слават титулата пред празни трибини поради епидемијата од коронавирусот.

На Ливерпул за освојувањето на титулата потребни му се само уште две победи, наредниот викенд гостува кај Евертон, а потоа следи дуелот со Кристал Палас.

„Во саботата зборувавме за тоа, сите навивачи го мислат истото, освојувањето на титулата пред празни трибини за нас е најголем страв. Сите зборуваат за тоа“, изјави Џо Балт, шеф на здружението навивачи на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…