Дома Фудбал Англија Ливерпул може да се раздели со петмина во следните 48 часа

Ливерпул може да се раздели со петмина во следните 48 часа

Ливерпул ќе се обиде да се раздели со пет фудбалери кои не се во плановите на Јирген Клоп во следните 48 часа.

Иако трансфер пазарот се затвори, англиските клубови се уште можат да прават трансфери помеѓу себе до 17 часот во петок. Меѓутоа, играчите можат да се преселат само во клубови од други дивизии.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тоа значи дека Ливерпул може да продава играчи во Чемпионшип и подолните лиги. Најпопуларното име е Хари Вилсон, кој се поврзуваше со неколку клубови од Премиер лигата, а сега може да заврши во Свонси.

Бен Вудборн, кој минатата сезона беше на позајмица во Оксфорд, ќе се пресели во Чарлтон. Нет Филипс, Лијам Милер и Харби Кејн исто така бараат нови клубови и ќе завршат во некој клуб од Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…