Дома Топ вести Ливерпул и Арсенал се „тепаат“ за талентот на Спортинг

Ливерпул и Арсенал се „тепаат“ за талентот на Спортинг

Ливерпул и Арсенал се заинтересиран за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш, пренесуваат англиските медиуми.

18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти, пред се Ливерпул и Арсенал.

Неодамна Мендеш потпиша професионален договор со Спортинг Лисабон до 2025 година, а во него е поставена откупна клаузула од 45 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Нуно Мендеш одигра 17 натпревари за Спортинг У23, еден натпревар за екипата на У19, а исто така запиша и 9 настапи за првиот тим на Спортинг.

Европските гиганти веќе ја започнаа битката за неговиот потпис и се очекува Мендеш на лето да направи голем трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола носи фантастична замена за Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…