Неодамна во центарот на вниманието се најде петиција на навивачите на Ливерпул преку која бараа Стивен Џерард да се врати во клубот на некое време.
Ливерпул е на добар пат да стане шампион на Англија и на таа титула овој клуб чека 30 години. Џерард целата своја кариера ја помина во дресот на „црвените“ и стана легенда, но никогаш не ја освои Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа сезона конечно коцките за Ливерпул се сложија и треба да се случи некое чудо за да не станат шампиони. Поради тоа навивачите отворија петиција клубот да го ангажира Џерард на пет на натпревари за да добие медал.
Меѓутоа јасно беше дека такво нешто е тешко остварливо бидејќи Џерард во овој момент е тренер на Ренџерс. Од Ливерпул денес и потврдија дека навивачите бараат нешто што е невозможно. На оваа тема зборуваше извршниот претседател Питер Мур.
„Не знам што да ви кажам на тоа. Слушнав што бараат навивачите, но еве имам јас прашање за вас. Кажете ми на кого да му го одземеме медалот за Џерард да го добие? Џерард е вработен во друг клуб и не смееме да само така да им го земеме тренерот сред сезона. Сите го сакаме Џерард и сме горди на него, но такво нешто е невозможно“.
„Можете ли само да замислите како ќе му биде на некој играч кој е цела сезона тука да му кажеме дека нема да добие медал бидејќи таа ќе биде доделена на некој друг кој ќе биде тука неколку дена. Медалот не се дава на некој затоа што е легенда на клубот, туку на некој кој цела сезона бил дел од тимот. Дури и да сакаме тоа да го направиме невозможно е затоа што преодниот рок е завршен и ние имаме регистриран тим“, изјави Мур.