Дома Фудбал Англија Ливерпул го сака Рагник, но не како замена за Клоп

Ливерпул го сака Рагник, но не како замена за Клоп

Ливерпул би можел да тргне во „лов“ на австрискиот стратег, Ралф Рагник, но не како замена за Јирген Клоп.

На крајот од сезоната Ливерпул ќе остане без спортскиот фиректор, Џулијен Ворд кој ќе ја промени средината, но неопходно е да се пронајде човек кој ќе има преговарачка моќ во преговорите. Клубот разговарал со Пол Мичел од Монако, но до договор не дошло.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ралф Рагник е една од опциите, иако е малку изненадувачки затоа што го водеше Манчестер Јунајтед. Рагник е некој кој најдобро знае да работи зад сцената, се истакна во Лајпциг. Тренерската позиција, а и сега селекторската во Австрија баш и не му одат, па може да ја напушти и оваа позиција.

Клоп е некој кој многу го почитува Рагник, пишуваат локалните медиуми и не би имал ништо против да соработува со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Минусот на Челси се мери во милијарди, летниот трансфер период – невозможна мисија!

Челси, откако новите сопственици го заменија Роман Абрамович, стана најголемиот потрошувач…