Дома Фудбал Англија Ливерпул го разби Бурнемоут и се врати на врвот од Премиер лигата (ВИДЕО)

Ливерпул го разби Бурнемоут и се врати на врвот од Премиер лигата (ВИДЕО)

Ливерпул на „Енфилд“ го разби Бурнемоут со 3:0 во 26-тото коло од Премиер лигата и се врати на врвот на табелата.

„Црвените“ денес едноставно мораа да победат. Во тоа на крајот и успеаа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


До предност стигнаа во 24-тата минута. Погоди Мане после нафрлувањето од Милнер.

После водечкиот гол Ливерпул продолжи да напаѓа, а веќе десет минути подоцна видовме нов погодок во мрежата на Бурнемоут. Мајсторски лоб пред крајот на полувремето изведе Ванијалдум.

Само што почна второто полувреме зголемија и на 3:0. Салах беше егзектур на одличната акција на Фирмино за конечни 3:0.

Арсенал како гостин го совлада Хадерсфилд со 1:2.

Во 16-тата минута после нафрлувањето на Сеад Колашинац Ивоби погоди за 0:1, за ов финишот од првиот дел Лаказет да зголеми 0:2. Во судиското продолжение домаќините со автоголот на асистентот Колашинац намалија на 1:2, но тоа беше се што успеаа да направат во денешниот натпревар.

Останати резултати:

Вотфорд – Евертон 1:0

Саутемптон – Кардиф 1:2

Кристал Палас – Вест Хем 1:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…