Дома Фудбал Англија Ливерпул го „блиндира“ Луис Дијаз

Ливерпул го „блиндира“ Луис Дијаз

Ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз е на мета на многу европски гиганти, но „црвените“ сакаат да го задржат на „Енфилд“ и спремија нов договор.

Дијаз беше во центарот на трансфер шпекулации ова лето, но одлично ја отвори сезоната, а на дербито со Јунајтед постигна два гола.

Ливерпул сака долгорочно да го задржи и спреми нов договор со значително зголемување на платата на Колумбиецот.

Актуелниот договор на Луис Дијаз со клубот истекува во 2027 година, но има плата од 55 илјади фунти неделно.

Ливерпул ќе му понуди нов 5-годишен договор и плата од 120.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го сакаше и Барселона, но на крајот заврши во – Реал!

Реал Мадрид заврши уште еден трансфер на млад фудбалер, покажувајќи дека “кралскиот …