Ливерпул потврди дека талентираниот фудбалер, Харви Елиот ставил потпис на нов договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Елиот со новиот договор се обврза на верност кон „црвените“ до 2027 година, а претходниот договор му истекуваше година порано.
„Убаво е да се знае дека ќе бидам во ваков клуб уште многу години. Јас сум навивач на Ливерпул од дете, што го прави уште попријатно. Ништо на светот не може да ме направи посреќен“, изјави Елиот.
Елиот пристигна во Ливерпул во 2019 година од Фулам, а во сезоната 2020/21 играше како позајмен играч на „Црвените“ во Блекбурн.