Дома Фудбал Англија Ливерпул ги објави загубите од пандемијата

Ливерпул ги објави загубите од пандемијата

Ливерпул објави загуба од 46 милиони фунти за финансиската година, односно до 31 мај 2020 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Периодот ги опфаќа само првите три месеци од пандемијата. Премиер лигата беше стопирана во март минатата година, а продолжи во јуни но под затворени врати.

Загубите во најголем степен се од Тв правата, а потоа следуваат приходите од стадионот.

Според овие резултати од „Енфилд“ прогнозораат дека загубите за целата фискална година поради пандемијата ќе бидат 120 милиони фунти.

Клубовите од Премиер лигата очекуваат тешкиот период да заврши со враќање на фановите на стадионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…