Дома Останати Кошарка НБА Ливерпул во финале, а Леброн побогат за 6.7 милиони долари!

Ливерпул во финале, а Леброн побогат за 6.7 милиони долари!

Кошаркарот на Кливленд е одличен и на други полиња, не само на паркетот.

Уште една инвестиција на Леброн Џејмс се покажа како златна, после влегувањето на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Американските медиуми тврдат дека Џејмс уште во 2011 година вложил 2% во „црвените“ и сега тоа му донело големо профит.

Имено, Леброн е сопственик на маркетиншка фирма која тогаш пари вложила во друга фирма која е во сопственост на газдата на Ливерпул, Џон Хенри

Тие 2% на Леброн сега му донсоа 6.7 милиони долари, а можат да му донесат и 32 милиони доколку сопствениците се одлучат да го продадат Ливерпул кој во овој момент се проценува на 1.6 милијарди долари.

Од тимот на Леброн официјално не сакаа ниту да ја демантираат, ниту да ја потврдат оваа вест, но им се заблагодарија на компанијата во која вложија.

„Чест ни е што учествувавме во акција и што еден таков тим со славна традиција се врати на врвот“.
Сосема доволно да се извлече логичен заклучок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Кошаркарите на Денвер загубија од Кливленд со резултат 126:114, а српскиот кошаркар Никола…