Дома Трансфер зона Ливерпул во „пол позиција“ за Италијанецот поради Леброн Џејмс

Ливерпул во „пол позиција“ за Италијанецот поради Леброн Џејмс

lebron

21 годишнито Никола Барела е еден од најталентираните фудбалери во Италија и веќе го привлекува интересот на големите европски клубови.

За Барела до овој момент интерес покажаа италијанските гиганти, но во игра се и клубовите од Англија. Засега фудбалерот од клубовите во Премиер лигата се поврзуваше со Тотенхем и Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, според неговата изјава во пол-позиција и тоа поради „кралот“ Леброн Џејмс е тимот на Ливерпул.

„Кога би требало да бирам помеѓу Италија и Англија би ја избрал Англија. Навистина ми се допаѓа нивниот стил. Фудбалерите во оваа земја се слични на она што сакам и го играм јас. Но, исто така би сакал и да имам прилика да го запознаам Леброн Џејмс“, изјави Барела.

Добро познато е дека Леброн поседува мал дел од акциите на Ливерпул, па доколку фудбалерот се одлучи за англискиот гигант веројатно и би добил прилика да се запознае со кошаркарската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…