Дома Топ вести Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето откриваат англиските медиуми.

Наводно Реал Мадрид и Јувентус доставиле понуди „тешки“ 170 милиони евра но самиот фудбалер решил да ги одбие и да остане најмалку уште една сезона на „Енфилд“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека тренерот Јирген Клоп не бил против неговото заминување и го известил раководството да го пуштат Египќанецот доколку сака да си замине.

Меѓутоа, Салах сака да остане уште една сезона во Ливерпул и да се обиде конечно да ја освои титулата во Премиер лигата, но наредното лето сериозно ќе ги разгледува сите понуди кои ќе пристигнат за него.

Салах пред две години пристигна во Ливерпул, на 104 натпревари постигна 71 гол и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во светот.

Салах со Ливерпул оваа година ја освои Лигата на шампиони, па е еден од најсериозните кандидати за добивање на „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…