Дома Фудбал Останато ЛЕ: Кутроне и Чалханоглу режираа пресврт за Милан, Арсенал убедлив, Тричко стрелец за АЕК (ВИДЕО)

ЛЕ: Кутроне и Чалханоглу режираа пресврт за Милан, Арсенал убедлив, Тричко стрелец за АЕК (ВИДЕО)

milan

Второто коло од Лигата на Европа донесе интересни натпревари, а во главно фаворитите лесно стигнаа до победа.

Арсенал гостуваше во Азербејџан кај Карабах и на крајот славеше убедлива победа од 0:3. Погодуваа Сократис, Смит-Ров и Гуендоузи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан до 70-тата минута губеше со Олимпијакос на „Сан Сиро“ со 0:1, но на крајот славеше победа од 3:1.

Гуереро во 14-тата минута го доведе тимот од Пиреја во водство, но двојата измена на Гатузо од 54-тата минута донесе резултат.

Во игра влегоа Чалханоглу и Кутроне, а токму тие го режираа пресвртот. Кутроне постигна два гола, Чалханоглу запиша две асистенции, во листата на стрелци се запиша и Гонзало Игуаин.



Иван Тричковски беше стрелец во поразот на АЕК Ларанка кај Баер Леверкузен со 4:2.

Лига Европа резултати:

Милан – Олимпијакос 3:1

Баер – АЕК Ларанка 4:2

Бетис – Дуделаж 3:0

Бордо – Копенхаген 1:2

Фенербахче – Трнава 2:0

Карабах – Арсенал 0:3

Росенборг – Лајпциг 1:3

Салцбург – Селтик 3:1

Ворскла – Спортинг 1:2

Зенит – Славиа 1:0

Цирих – Лудогрец 1:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видиќ ги избра најдобрите тројца дефанзивци во Премиер лигата, двајца се од Премиер лигата

Славниот Немања Видиќ одбележа една голема ера во Манчестер Јунајтед кога во прашање е деф…