Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси продолжуваат да редат победи, Кармело Ентони го разби Чикаго (ВИДЕО)

Лејкерси продолжуваат да редат победи, Кармело Ентони го разби Чикаго (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

ЛА Лејкерси ја продолжија одличната низа во НБА лигата откако на гости го совладаа Сан Антонио со 114:104.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Лејкерси ова беше веќе 15-та победа сезонава во која имаат само два порази, додека Спарси го запишаа 12-тиот пораз. Лејкерси од самиот почеток играа многу добро, но тоа не беше убедлив настап како во некои натпревари претходно.

Спарси пружија добар отпор, но на крајот немаа сили за пресврт и победа против поранешниот голем ривал. Лејкерси го одлучија мечот во последната четвртина и на крајот славеа со 114:104.

Гостите од Лос Анџелес го победата беа предводени од Леброн Џејмс кој го заврши натпреварот со 33 поени, 14 асистенции и 3 скока. Солиден беше и Ентони Дејвис со 19 поени, 12 скокови и 6 асистенции. Кај Сан Антонио се истакна Лемаркус Олдриџ со 10 поени и пет скокови, додека Демар Дерозан имаше учинок од 24 поени, 5 асистенции и 4 скока.

До победа дојде и Портланд кој на гости го совлада Чикаго со 117:94. Одличен натпревар одигра Кармело Ентони. Ентони во победата на Портланд уфрли 25 поени додаде 8 скокови и 2 асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Бруклин 106:108

Детроит – Орланд 103:88

Индијана – Мемфис 126:114

Атланта – Минесота 113:125

Мајами – Шарлот 117:100

Торонто – Филаделфија 101:96

Чикаго – Портланд 94:117

Милвоки – Јута 122:118

Сан Антонио – Лејкерси 104:114

Голден Стејт – Оклахома 97:100

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…