Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси го добија дербито со Бакси, 30 поени на Кари не беа доволни за „Вориорси“ 🎥

Лејкерси го добија дербито со Бакси, 30 поени на Кари не беа доволни за „Вориорси“ 🎥

Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни три натпревари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лејкерси во дербито на вечерта со 106:113 го совладаа Милвоки Бакси. Леброн Џејмс со 34 поени беше прво име кај Лејкерси, додека Јанис Антетокумпо беше најрасположен кај Бакси со дабл-дабл од 25 поени и 12 асистенции.

Причина за славје имаа и Њујорк Никси кои го совладаа Голден Стејт со резултат 104:119. На „Вориорси“ не им помогна ниту расположениот Стеф Кари со 30 поени, додека кај Никси се извдои Барнет со 28 поени и пет асистенции.

Јута оствари сигурен триумф против Њу Орлеанс, а конечниот резултат гласеше 129:118. Своја вечер имаше и Мичел кој натпреварот го заврши со 36 поени, седум скокови и пет асистенции. Кај Пеликанс Вилијамсон уфрли 27 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…