Hајдобриот светски фудбалер Лионел Меси го пропушти четвртиот натпревар по ред, а Интер Мајами и трет меч во низа не успеа да победи.
На домашен терен, тимот од Флорида загуби од мексиканскиот Монтереј со 1-2 во првиот четвртфинален натпревар од КОНКАКАФ Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реваншот е за седум дена, а Интер Мајами го очекува пеколно тешка работа да се избори за пресврт пред над 50 илјади домашни фанови, особено ако во тимот повторно го нема Меси.
Американскиот претставник добро го почна синоќешниот меч, поведе преку Авила во 19. минута, но се се смени во вториот дел.
Клучен момент беше исклучувањето на Давид Руиз во 65. минута поради два жолти картони, четири минути подоцна Меса израмни, а во финишот од основниот дел од мечот, Родригез го комплетира пресвртот.