Дома Фудбал Италија Леонардо Бонучи – Од главна ЅВЕЗДА, до „Златна канта“

Леонардо Бонучи – Од главна ЅВЕЗДА, до „Златна канта“

Колку нема трепние јавноста во Италија покажува и случајот на Лео Бонучи, поранешниот столб на веројатно најдобрата одбрана во светот минатата година во Јувентус, сега добива огромни критики…

Леонардо Бонучи беше главна тема ова лето во Италија, се зборуваше дека Милан го направил потегот на летото кога за 40 милиони евра го доведе од редовите Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот дефанзивец стана најплатен фудбалер во Серија А со 7.5 милиони евра, заедно со Игуаин, но многумина го предупредуваа Милан дека можеби премногу очекува од Бонучи, тој во Јувентус не беше лидер, тоа место беше резервирано за Буфон и Киелини.

Ја доби капитенската лента, но како што не ретко е случај од преголемите очекувања сега го „фрлија“ во кал.

Милан ја совлада Ријека со 3:2, но не стивнуваат критиките на сметка на одбраната, посебно на Бонучи кој навистина лошо изгледаше. Монтела се обидуваше со повеќе варијанти, Лео не се снаоѓа во 4-4-2, кога останува еден на еден со противникот тоа претставува проблем. Ниту еден од соиграчите со кого Монтела се обиде да го вклопи не му одговораше, ниту Ромањоли, ниту Запата, а навивачите му замеруваат и сметаат дека би требало да се обиде Мусакио.

„Росонерите“ победија, но ваков Милан нема шанси против Рома за викендот“, констатираат Италијанците, младиот Кутроне доби подобрување на договорот и тоа го прослави со гол во продолжението, но реално натпреварот за викендот е многу поважен.

Бонучи веќе го прогласуваат за „Златна канта“, титулата која ја добива фудбалерот кој бил најголемото промашување, таа е исфрлена, но и понатаму живее во италијанските медиуми.

Милан примаше погодоци на шест од седумте натпревари сметајќи ги натпреварите во Европа и Серија А, а во последните шест натпревари Донарума беше совладан десет пати, со таква одбрана тешко дека можат да направат нешто повеќе, па јасно е дека прв на удар е оној од кој најмногу се очекуваше.

Овој гол кој го постигна Ријека се наведува како пример колку проблеми има Бонучи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…