Дома Фудбал Легендите во неверување за „срамниот пенал за Ливерпул“. Дали Жота симулираше?

Легендите во неверување за „срамниот пенал за Ливерпул“. Дали Жота симулираше?

Фудбалерите на Ливерпул вчера на својот Енфилд го победија Њукасл со 4:2 во претпоследниот натпревар од 20. коло на англиската лига и со тоа останаа лидери на табелата и по ова коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул имаше многу шанси, па не е чудно што постигна дури четири гола, но најголемо внимание привлече голот за 4:2 кој го постигна Мохамед Салах од пенал.

Имено, пеналот за Ливерпул нашироко беше окарактеризиран како „срамен“. На „Х“ многу фанови напишаа дека Диого Жота го принудил со симулирање.

Дури и легендите како Иан Рајт и Џон Тери не разбираат како е можно да биде досуден.

Со неверување проговорија славните играчи на Арсенал и Челзи. “Како е ова пенал? Шокантна симулација! Најлошо од се, пеналот беше досуден по ВАР”, напиша Тери, а Рајт тврдеше: “Човекот повеќе сакаше да изнуди пенал отколку да ја испрати топката во празната мрежа!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …