Дома Фудбал Англија Легендата на Јунајтед: ПСЖ е мал клуб, но со многу пари!

Легендата на Јунајтед: ПСЖ е мал клуб, но со многу пари!

Екипата на ПСЖ неколку години наназад ги прави убедливо најголемите трансфери во светот на фудбалот.

Скоро и да не постои клуб кој може да им парира со било каква понуда, но со таквиот начин на создавање силен тим ПСЖ полека стануваи еден од најомразените клубови во фудбалскиот свет.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Една од фудбалските легенди која не покажа „љубов“ кон клубот од Париз е Ерик Кантона. Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед смета дека ПСЖ е мал клуб, но со многу пари.

„На „Олд Трафорд“ би сакал да го видам Хавиер Пасторе. Тој е навистина одличен. ПСЖ има двајца одлични фудбалери, Пасторе и Бен Арфа, но тие не играат. Пасторе е посебен фудбалер, секогаш кога ќе ја допре топката ме изненадува. Секогаш успева да го пронајде вистинското решение, игра во Аргентина, но не игра во малиот ПСЖ. Но затоа ПСЖ има многу пари. Едноставно мораат да бидат голем клуб“, порача Кантона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…