Дома Фудбал Останато Легендата на Јуве го нападна Роналдо: Никогаш нема да те разберам!

Легендата на Јуве го нападна Роналдо: Никогаш нема да те разберам!

ronaldo

Кристиано Роналдо ја разочара јавнсота кога не се појави на церемонијата за избор на најдобар фудбалер во Европа.

Во конкуренцијата помеѓу него, беа Модриќ и Салах, каде што Хрватот ја освои наградата, но Португалецот не се појави. На крајот, Роналдо и неговиот агент, но и сестрата беа разочарани зошто Португалецот не ја доби таа награда, но одговорот беше даден од легендарниот играч на „Старата дама“, Алекс Дел Пјеро.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој изјави дека не може да го разбере Роналдо кој не се појави на церемонијата, со оглед на тоа што да се биде таму е неверојатно чувство.

„И јас би бил лут да сум на местото на Роналдо, но да не се појавиш на свечената церемонија, тоа никогаш нема да го разберам. Тоа е нешто посебно“, изјави Дел Пјеро.

Легендарниот фудбалер изјави дека Модриќ во целост ја заслужи оваа награда и дека веројатно ќе ја добие Златната топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…