Дома Македонски спорт Мак фудбал Легендата на хрватскиот фудбал во посета на ФФМ

Легендата на хрватскиот фудбал во посета на ФФМ

Легендарниот хрватски фудбалер, Аљоша Асановиќ, во улога на УЕФА консултант задолжен за нашата федерација во рамки на проектот на УЕФА и ФФМ за развој на млади елитни фудбалери, беше во дводневна посета на „Куќа на фудбалот“ и академијата на ФФМ. 

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари работна средба со Аљоша Асановиќ на која се дискутираше за важноста на Академијата на ФФМ,  досегашната соработка и поддршка од УЕФА, како и за плановите за идниот развој на Академијата. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Академијата на ФФМ сме посветени на поттикнување на развојот на младите фудбалери на теренот, но и надвор од него. Преку тренинзи од програмата на УЕФА за млади категории и водени од едуцирани тренери, ние се фокусираме на развојот не само на фудбалските вештини на младите играчи, туку и на вредни животни лекции кои вклучуваат ментална сила и градење карактер. 

Тоа што исто така е многу важно, редовно се следи и оценува напредокот на секој играч, а програмите се приспособени и на нивните индивидуални потреби преку давање насоки и обезбедување можности и средства потребни за да ги постигнат своите цели. Активно бараме повратни информации од играчите, родителите и тренерите за да се осигураме дека се движиме во вистинскиот правец и се прилагодуваме на барањата на модерниот фудбал кои постојано се менуваат .

Горди сме на напредокот што го постигнавме во Академијата на ФФМ и остануваме посветени на тековниот развој и успех на младите фудаблери”, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Аљоша Асановиќ, исто така, имаше работен состанок со членовите на стручните штабови на ФФМ Академијата и лицата од ФФМ задолжени за Академијата. Состанокот е најава за неговата нова работна посета на ФФМ, веќе на почетокот на месец Април, каде ќе се посвети поголемо внимание на стручната работа со фудбалерите од ФФМ Академијата на самиот терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…