Дома Фудбал Легендата на Реал како да се откажа од титулата: Слаби сме и малку можеме да направиме

Легендата на Реал како да се откажа од титулата: Слаби сме и малку можеме да направиме

mijatovic

Поранешниот легендарен на Реал Мадрид, подоцна и спортски директор, Предраг Мијатовиќ смета дека „кралевите“ немаат шанси да ја загрозат во Барселона во Ла Лига.

Според Мијатовиќ сезоната за Реал во првенството е веќе изгубена и не верува дека може да се направи нешто повеќе. Негово мислење е дека Реал треба да се посвети на шпанскиот куп и Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Слаби сме во првенството во овој момент и малку можеме да направиме. Десет бодови заостанување зад лидерот е невозможна мисија. Можеби поради тоа добро би било да се сконцентрираме кон преостанатите две натпреварувања. Комплицирано е да се одбрани титулата во ЛШ. Сетете се како започна, со она финале во 2016 година кога победивме на пенали“.

„Замислете што би се случило Реал да изгубеше. Овој сегашен Реал го нема тој вид на самодоверба. Солари добро работи, играчите сакаат да бидат на такво ниво, но едноставно не можат“, изјави Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…