Дома Фудбал Англија Легендата на Премиер лигата: Ако сезоната не заврши, Ливерпул не може да биде шампион

Легендата на Премиер лигата: Ако сезоната не заврши, Ливерпул не може да биде шампион

УЕФА го одложи Европското првенство за следното лето, а се уште не се знае кога и како ќе продолжат националните првенства.

Фудбалските сојузи се надеваат дека можат да започнат да играат до 3. мај, меѓутоа како ситуацијата ќе се одвива никој не може да каже.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ливерпул има 25 бода предност на табелата во Премиер лигата и потребни му се само две победи за математички да ја обезбеди титулата. Сепак, легендата на Арсенал и Премиер лигата Тони Адамс смета дека титулатан е може да им се даде на „црвените“ во случај првенството да се прекине.

„Одлуката на УЕФА да се одложи ЕП помага, но мораме да знаеме и што ќе правиме ако сезоната не се заврши. Не можеме да му ја дадеме титулата на Ливерпул и да исфрлиме три клуба од лигата или пак место да добијат Лидс и ВБА. Не можете да кажете дека е готово кога уште не е“, изјави Адамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бензема за враќањето: „Нема шанси!“

Карим Бензема не е далеку од крајот на својата кариера. Напаѓачот на Ал Хилал сезонава пос…