Вечерва на програмта е големото дерби на Италија кое го играат градските ривали, Интер и Милан.
Пред почетокот на сезоната веројатно многумина поголеми шанси за подобар пласман на табелата и даваа на екипата на Милан, но работите не се одвиваат според очекувањата. После седум кола Интер е трет и во овој момент има предност од седум бода во однос на денешниот противник и градски ривал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По повод овој натпревар во италијанските медиуми зборуваше легендата на Милан и италијанскиот фудбал, Паоло Малдини.
„Милан ова лето доведе 11 нови фудбалери и сигурно не е лесно тренерот веднаш да склоп добар тим. Според мене ниту една од ове две екипи го немаат покажано својот цел потенцијал. Интер навистина има добри резултати, но нема некоја посебна игра, додека Милан освојуваше бодови во натпреварите во кој беше фаворит и мислам дека нивниот проблем повеќе психолшки и тука Интер има предност.