Дома Фудбал Англија Легендата на Ливерпул: Прашање на време е кога Де Геа ќе премине во Реал Мадрид

Легендата на Ливерпул: Прашање на време е кога Де Геа ќе премине во Реал Мадрид

de gea

Велшанецот кој долги години настпауваше во Премиер лигата, а се прослави во Ливерпул смета дека само прашање на време е кога Давид Де Геа ќе премине во Реал Мадрид.

Шпанскиот и европскиот шампион долго време се поврзува со доведување на Де Геа. Во 2015 година беа најблиску и тоа во последниот ден од преодниот рок. Тогаш трансферот пропадна бидејќи дел од документацијата на пристигна на време.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белами смета дека Де Геа не ќе може да одолее на интересот од Реал наредното лето.

„Тој е вистинскиот избор и секогаш сум чуствувал дека токму него Реал го гледа на својот гол во наредните години. Сигурен сум дека само прашање на време е кога тоа ќе се случи“.

„Реал во последните години не трошеше многу. Де Геа ќе биде дел од нивната реконструкција, би бил навистина шокиран доколку овој трансфер не се реализира“, изјави Белами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…