Манчестер Јунајтед вечерва го игра реваншот натпреварот против Севиља по кој ќе биде одлучен патникот во 1/8 финалето.
Најзаслужен што Манчестер Јунајтед од првиот натпревар на „Олд Трафорд“ донесе реми (0:0) е голманот Давид Де Геа кој на натпреварот во Шпанија забележа неколку спектакуларни интервенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес од студиото на „БТ Спорт“ натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Севиља го коментираше и легендата на Ливерпул Стивен Џерард кој беше во улогата на стручен коментатор.
„Можам само да кажам дека го мразам, не само јас него го мразат сите навивачи на Ливерпул. Тоа за Де Геа е најголемиот комплимент, неверојатен е прави невозможните удари да изгледаат лесни. Според мене нема подобар голман од него во овој момент“, прокоментира Џерард.