Легендата на Ливерпул, Марк Лоуренсон откри дека германскиот стратег, Јирген Клоп гради вила на Мајорка и според неговите зборови Германецот во наредниот период ќе помине време на одмор токму тука.
Во петокот Јирген Клоп објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Веднаш по објавата дека заминува започна и да се шпекулира кој клуб би можел да биде негова следна дестинација. Се споменуваше Барселона каде што Чави заминува, потоа Баерн Минхен…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа според Лоуренсон Клоп нема да брза со новиот ангажман и ќе одмори од фудбалот.
„Не знам дали би требало да ви го кажам ова, меѓутоа и не е голема тајна. Клоп гради вила на Мајорка. Имам куќа во близина и неодамна се видовме и разговаравме, го прашав до каде се работите. Очекува одредено време да се релаксира таму“, изјави Лоуренсон.