Дома Фудбал Лига на шампиони Легендата на Каталонците: Благослов е да се има Меси крај себе

Легендата на Каталонците: Благослов е да се има Меси крај себе

Фудбалерите на Барселона се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако вечерва пред домашната публика со 3:0 славеа над лондонски Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот клуб е на крилата на фантастичниот Лео Меси и дојде до рекордниот 11. пласман меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите. По мечот, Андрес Иниеста изјави дека играчите и навивачите на Барселона мораат да бидат среќни што го имаат Аргентинецот во екипата.

„Благослов е да се има Меси во својот тим. Тој навистина прави разлика на теренот и среќни сме што игра токму со нас. Што се однесува до четвртфиналето, најдобро е да ги избегнеме шпанските екипи бидејќи добро се познаваме со нив“, истакна Иниеста по мечот.

За потсетување, ждрепката ќе биде оддржана в петок, а во шеширот ќе се најдат екипите на Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер Сити, Рома, Ливерпул и Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Како ова не е гол? Го имаме најголемото промашување досега на Мундијалот! (Видео)

Швајцарската репрезентација се израдува на победа од 2:0 над Алжир, со што го обезбеди пла…